Денеска во МОК свечено е испратена македонската олимписка делегација, која е составена од шест спортисти, шест тренери и тројца судии.
Tргнувањето кон Бразил за нашите спортисти е најавено за 2 август. Атлетичарите Ристе Пандев и Дрита Исљами, џудистката Катерина Николоска, Нина Балабан (стрелаштво) и пливачкиот двоец Анастасија Богдановски и Марко Блажевски ќе бидат нашите претставници на ОИ.
Свеченото отворање на 31. Олимписки игри во Рио де Жанеиро е на 6 август, со почеток во 01:00 часот по средноевропско време, а пливачката Анастасија Богдановски како знаменосец ќе ја предводи нашата експедиција на дефилето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.