Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Марко Симоновски (27 год, 191 см), во новата сезона повторно ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако беше официјализиран неговиот нов договор со актуелниот првак.
За популарниот Марче тоа претставува враќање во средината каде што настапуваше во предминатата сезона, кога беше избран за најкорисен играч (МВП) на финалната плејоф-серија и кога имаше просек од 7,8 поени и 2,2 скока во АБА-лигата односно 9,4 поени и 2,4 скока во домашното првенство. Бекот-шутер во неодамна завршениот шампионат настапуваше во таборот на Куманово.
Претходно, Симоновски има играно за Вардар, Работнички, Фени индустри како и за австрискиот прволигаш Аркадија лајонс. Тој се очекува да биде еден од најголемите адути на селекторот на Македонија, Драган Раца, во претстојните квалификации за ЕП 2017, но под услов успешно и навремено да се рехабилитира од повредата на ‘рбетот, поради која сѐ уште не може да тренира заедно со останатите репрезентативци.
Симоновски е четвртиот кошаркар кој потпиша за МЗТ Скопје Аеродром во летниот преоден рок и тоа по Холанѓанецот Шарлон Клоф, Американецот Џош Скот и повратникот во екипата, Србинот Ѓорѓе Дреновац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент