Сместувачките капацитети на преспанското крајбрежје се исполнети. Според првиот дел од оваа летна туристичка сезона, годинава ќе бидат урнати сите рекорди по посетеност во Преспа во последните дваесет години, оцени градоначалникот на општина Ресен, Ѓоко Стрезовски.
Причина за тоа, според него, се убаво уредените и современо опремени плажи на брегот на Преспанско Езеро, но и ниските цени во угоститлските објекти.
– Убаво уредените и современо опремените плажи на преспанското крајбрежје, каде што покрај постојните во функција се ставија две нови, и тоа во Стење и во Сливница, но и ниските цени на угостителските услуги само по себе доведува до зголемен број посетители од околните населни места во пелагониоскиот регион, цела држава, а посебно од дијаспората – вели Стрезовски.
За викендите на плажите во Сливница, Претор, Стење, Долно Дупени и Отешево се бара место повеќе, а бројот на посетители надминува 10.000 дневно, што, како што нагласи градоначалникот, е најмаркантниот доказ за туристичката ренесанса која Преспа ја доживува деновиве.
– Сместувачките капацитети, кои за жал се во мал обем во Преспа се исполнети, но радува фактот што во приватните сместувања во околните крајбрежни преспански села се бара легло повеќе. Она што оваа година го гледаме во Преспа дефинитивно нѐ насочува не само на локално ниво, туку и институциите на национално ниво да преземеме многу поефикасни и подиректни активности во овозможување изградба на сместувачки капацитети вдолж преспанскиот брег – изјави Стрезовски.
Бројот на гости се очекува да го достигне макисмумот во претстојниот викенд и за 2 август, а посетителите ќе имаат можност да се забавуваат и на првиот „Преспа урбан фест“ што од вечерва до недела ќе се одржува на Плоштадот во Ресен.
Во трите вечери на забава ќе настапат Тамара Тодевска, ДНК и „Ај кју“, „Градус“ и „Ние другарите“, диџеите Јошевски, Никифор, Шорти Пи, Блаже…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Ја знаете ли легендата за преубавата Преспа и настанокот на Преспанското Езеро?
-
Тешки времиња за угостителите на плажите: МПЦ ги покачува кириите за земјата и објектите покрај плажите