Маж на возраст меѓу 30 и 40 година скокна од вториот или третиот кат во трговскиот центар на булеварот “Цариградскати пат” во Софија, јавува БГНЕС Мажот најверојатно се самоубил, бидејќи од преглед на видео записите на безбедносните камери се гледа дека никој не го турнал..
БГНЕС потсетува дека во последните месеци драстично се зголеми бројот на јавните самоубиства во Бугарија. Пред сè станува збор за самозапалување се луѓе кои преку овој краен чин протестираа против нискиот животен стандард, корупцијата и владеењето на соборениот, под напорот на масовни протести , Бојко Борисов и ГЕРБ.
Бугарија беше одредена како државата на “живите факели”, со што се прослави и во странство. Дури денес авторитетен австриски весник “Ди Пресе” почнува голем аналитички материјал со наслов “Бројот на невработени и на самоубијците расте. Се повеќе Бугари не можат да врзат крај со крај”. Во анализата социјалните контрасти во Бугарија се споредуваат со оние во земјите од Третиот свет, нешто недозволиво за другите земји-членки на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.