| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто ИСИС регрутира жени од Балканот?

На Балканот ИСИС најчесто регрутира малолетнички за потоа тие да се омажат за џихадисти или жени кои веќе се мажени, па заминуваат во воените зони со сопругот, а потоа регрутираат нови членови и своите деца ги воспитуваат во духот на џихадистите.

Според сведочења семејствата на девојките најчесто се шокирани од одлуките на нивните блиски. Овие девојки преку „фејсбук“ ги запознаваат идните сопрузи кои подоцна ги воведуваат во ИСИС.

Според истражувањето, големата невработеност и сиромаштијата се едни од главните причини за привлекувањето на жените во ИСИС. Тука уште спаѓаат и дискриминација и маргинализацијата на жените, пропагандата на интернет, брачните понуди или наговарање на сопругот.

Жените ги привлекува радикализмот на ист начин како и мажите, но постојат неколку разлики кои се во вреска со традиционалната улога на жената. Таа како мајка ќе ги воспита синовите и ќерките за борба на страна на исламистите, но и како сопруга ќе се бори за својот маж во истата борба.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top