Пејачот Митар Мириќ бил претепан додека пеел на една приватна забава во влизина на Вараждин во Хрватска
Две пијани момчиња најпрво го бутнале телохранителот па потоа го удриле фолкерот во глава.
Тоа беше некаде во близина на Вараждин. Немаше доволно обезбедување на настапот, не беа организирани како што треба и се случи тоа што се случи. Имаше едно момче задолжено за редот пред бината, но тој сам не беше доволен да го спречи инцидентот. Скокнаа две пијани момчиња и се нафрлија на нас, веројатно беа револтирани што од силната врева не сум слушнал дека ми се обратиле. Не ме повредија сериозно зошто на време се тргнав. Потоа направив пауза од 15 минути па испеав уште еден блок, од инает, раскажа пејачот за српски Курир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


