| четврток, 6 декември 2018 |

Кого сакаат најмногу да касаат комарците?

Научниците спровеле голем број истражувања на темата кои типови на луѓе се најпривлечни за комарците и на крајот заклучиле дека постојат четири групи луѓе кои се особено омилени помеѓу комарците.

1. Бремените жени

Комарците ги привлекува мирисот на јаглероден диоксид кој се создава во човечкото тело при дишењето. Бремените жени издишуваат значително поголем процент на јаглероден диоксид, па токму затоа се во фокусот на комарците.

2. Спортисти

Ако се движите по улица и околу вас има многу луѓе што трчаат немојте да се изненадите што околу вас има многу комарци. Причината за тоа е млечната киселина која активно се создава во мускулите за време на вежбање, а комарците ја обожаваат.

3. Лица кои пијат алкохол

Експертите тврдат дека по внесувањето на алкохолен пијалак во организмот, одеднаш станувате значително поатрактивни за комарците од претходно. Алкохолот ја зголемува нашата телесна температура, а комарците се особено привлечени од специфичниот мирис на алкохолот.

Нулта крвна група

Според истражувањата, веројатноста комарец да касне лице кое има нулта крвна група изнесува 83 проценти. Најмал ризик за каснување од комарец имаат припадниците од А крвна група.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top