| четврток, 6 декември 2018 |

ЦИА и ФБИ обучувале приврзаници на Ѓулен

Јавното обвинителство од турскиот град Едрене покрена обвинение против, како што наведува „терористичката организација на Фетулах Ѓулен“, во кое се тврди дека приврзаниците на муслиманскиот проповедник биле обучувани од припадници на американското Федерално истражно биро (ФБИ) и од Централната разузнавачка агенција (ЦИА).

Како што јави телевизијата НТВ, според Обвинителството, организацијата на Фетулах Ѓулен при регрутиранњето на свои членови, ги подложувала и на тест за утврдување на коефициентот на интелегенција, при што ги одбирала најинтелентните за инфилтрирање во државните институции во Турција, со цел да „преземе контрола врз државата“.

Обвинителството тврди дека овој „долготраен процес“ на регрутирање и обука започнал уште кон крајот на 70-те години на минатиот век.

– Организаицјата од една страна вршела обука на кадри преку своите образовни институции, а од друга страна ја засилувала својата активност и во други сфери, се тврди во обвинителниот акт со кој се опфатени 43 осомничени приврзаници на Ѓулен, од кои 19 веќе се притворени.

Во документот се наведува и дека оние кои ги посетувале образовните инзституции под контрола на организаицјата на Ѓулен, добивале и дополнителна обука од странски тајни служби, како ФБИ и ЦИА.

Претходно денеска, турскиот министер за правда Бекир Боздаг изјави дека ако успеел воениот удар во Турција, тогаш Ѓулен, кој живее во САД, ќе се врател во земјата исто како ајатолахот Хомени во Иран,

– Тој ќе се вратеше како Хомеини и ќе имаше една сосема различна Турција, која не сакам дури ни да ја замислам, истакна Боздаг, мислејќи на лидерот на Исламската револуција во Иран во 1950 година, ајатолах Рухола Хомеини.

Боздаг нагласи дека според разузнавачки информации, со кои располага Турција, Ѓулен размислувал за бегство од САД во друга држава, за која смета дека нема да го екстрадира во Турција.

Турскиот министер истакна дека евентуален избор на исламскиот духовник би можеле да бидат Египет, Мексико, Канада, Австралија или Јужна Африка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top