| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајна несреќа, има мртви и повредени

Тешка сообраќајка се случила вчера во 10.40 часот на регионалниот пат кај раскрсницата Дојранска во Валандово, меѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 53-годишниот Л.П. од село Куклиш и патничко моторно возило „застава 128“ управувано од 80-годишниот Т.Г.

– Во незгодата со повреди се здобиле возачот на возилото Т.Г. и сопатникот Р.Г., по што биле пренесени во Медицински центар Струмица, каде Т.Г. им подлегнал на повредите. На Р.Г. и била укажана лекарска помош и е задржана на понатамошно лекување – соопштуваат од МВР

Полицијата излегла на местото на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top