| четврток, 6 декември 2018 |

Поради гужва отворени две коловозни ленти на патот Гостивар-Маврово

avtopat

Надвор од градските средини сообраќајот е со зголемен интензитет поради празничните денови, известуваат од АМСМ и додаваат дека се очекува уште поголема фреквентност во попладневните часови, поради што препорачуваат да се користат и други патни правци освен вообичаените.
Од истите причини сообраќајот на патниот правец Гостивар-Маврово во близина на Ново Село се одвива во две коловозни ленти и е регулиран од страна на полицијата.
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на патниот правец Гостивар – Кичево преку мостот на 1,5 км пред Стража е нормализиран и е прооден за сите видови на возила, како и дека е прооден за сообраќај патниот правец Р-504 Ресен – Охрид преку националниот парк Галичица.
Се уште постои забрана за движење на  патниот правец Р-103 Неготино – Радовиш односно Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот број 9 преку реката Вардар. Оваа релација е затворена за сите видови на сообраќај, како и за пешаци, поради што сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила.
На граничните премини и понатаму се можни подолготрајни задржувања од вообичаеното време за влез и за излез од државата.
АМСМ инаку поседува мобилната апликација наменета за Android и iPhone мобилни телефони, во која на само еден допир на располагање на корисниците им се детални информации за патување во над 30 европски држави, како и информации за состојбата на патиштата, граничните премини и сл. АМСМ мобилната апликација може бесплатно да се симне на Google Play и App Store.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top