Во новиот број на неделникот Република, кој е во продажба од утре 29 јули 2016 година, ќе читате:
Интервју: Никола Тодоров, вицепремиер и министер за здравство
Подадовме рака за избори, но со СДСМ сѐ е можно
За СДСМ сѐ беше важно, само да нема договор. Сѐ што водеше до недоговарање, беше значајно за нив. Затоа и имавме барања кои, навидум, изгледаа дека никогаш нема да ги прифатиме, на пример оваа активна регистрација на 39.000 гласачи, за слобода на медиуми преку политичко именување уредници во медиуми или едно време имаше барање за едно централно тело кое треба да ги набљудува сите медиуми, да кажува што е добро, а што не. За цело време се трудеа со вакви предлози да го блокираат процесот. На крајот, со нашето прифаќање на тие предлози дојдовме до тоа да излезе на виделина блефот на СДСМ. Тие не сакаа да одат на избори, но наша обврска е да дојдеме до избори затоа што само изборите се решение на кризата во Македонија. Само граѓаните, и никој друг, може да ја решат оваа криза, вели вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров во интервју за Република.
Пуч, закани, рекет
За чии интереси се користат прислушуваните разговори?
Ако Јанева и нејзиниот тим потфрлат во примарната задача, никогаш нема да успеат да ја вратат довербата кај граѓаните (во чие име и ја извршува функцијата), па место дел од решението, ќе останат запомнети како најголем виновник за нерасчистување на кризата. Оттука, искрено верувам дека СЈО, конечно, ќе престане да игра улога на коалициски партнер на СДСМ и, конечно, ќе побара одговори од Верушевски и од Заев за многу сериозни обвинувања не само во врска со случајот „Пуч“, туку и со злоупотребата на прислушуваните разговори за уцени и за рекет.
Утврдувањето на причините и на мотивите за собирањето и за објавувањето на нелегално прислушуваните разговори е исклучително важно не само за расчистување на аферата „Пуч“ туку и на дилемите околу прашањето дали главната причина на Заев беше враќање на „слободата и демократијата“, или голата борба за власт, уцени и закани кон политички неистомисленици и бизнисмени и заштита на фамилијарниот бизнис на кланот Заеви.
Бојадисувале за пратенички фотелји
СДСМ со функции го смирува гневот на платениците
Напливот на шарен бес и горчлив гнев од две и полмесечното боење по улици, за кој добиваа само бедни 20 евра дневница, кулминираше минатиот петок. Претходната вечер, со договорот СДСМ потпиша класична капитулација. Шарените останаа без работа и „чадор“, па дигнаа „револуција“ на социјалните мрежи, но ги замолчи Шекеринска. Ќе им дала неколку пратенички места. А, во меѓувреме, истите шарени пресметуваат дека би добиле повеќе фотелји во Собранието ако одат сами на избори?! Партијата сама си го создаде чудовиштето, им кумуваше Сорос, но ќе ја сподели ли СДСМ судбината на Виктор Франкенштајн?
Договор или ново бегство од избори
Кому му одговара продолжувањето на кризата?
Планот на опозицијата до некаде е јасен, но нималку не е легитимен. Колку поголема криза во државата, толку полесно за СДСМ да дојде на власт. До тука сѐ е јасно. Во обид да создаде поголема криза, покрај јавните критики за работата на Владата, таа систематски се торпедира со шпекулации кои се пренесуваат и преку медиумите, но и преку неформалните комуникациски мрежи по принципот „рекла казала“ или „ми кажаа од горе, сигурно е“. Во оваа затскриена битка се засилуваат стравовите од најлошо, се алудира на меѓуетнички судири, на војна, на масовно насилство, на промена на власта и редефинирање на сите постојни договори со владините институции, поништување тендери, девалвација на денарот, крах на буџетот, блокирање на плаќањата за веќе завршени проекти и слични катастрофални сценарија, кои делумно се ефикасни. Да беше Македонија слаба држава, овие „малограѓански“ методи на политичка борба можеа да предизвикаат сериозни проблеми за државата, но, за среќа, тоа не се случува.
Расте побарувачката на станбени кредити
Банките олабавени за купување свој дом
Дека во државава има станбен бум и во градење и во купување станбен простор сведочат и бројките за пораст на кредитите за оваа намена. Имено, за повеќе од 95 проценти е зголемена побарувачката и подигањето станбени кредити во последните шест години. Ова го покажува анализата на податоците од домашните банки. Бројките, велат банкарите, ги одразуваат потребите на граѓаните во последниот период, а тоа е инвестирање во недвижен имот. Порастот на станбените кредити се правда и со поголемата комоција на банкарите кога ги одобруваат затоа што станува збор за високо обезбедени кредити, секогаш со хипотеки што го покриваат ризикот од невраќање. Значителниот пораст од 95 проценти кај станбените кредити во суми значи пораст за повеќе од 250 милиони евра. На крајот на 2010 година во станбени кредити банките имале издадено 264 милиони евра, а сега сумата е повеќе од 510 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст