| четврток, 6 декември 2018 |

Банкнотата од 5 евра со кирилица пуштена во употреба

pet evra kirilica

Новата банкнота од 5 евра испишана и на кирилица, од 2 мај оваа година е пуштена во употреба. Со тоа кирилицата влегува во употреба во еврозоната и го проширува влијанието на еврото како глобална валута.

Над 200 милиони луѓе во светот ја користат кирилицата, а Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги ја претстави во јануари новата банкнота од 5 евра, која ќе биде прва од серијата “Европа”, пренесе Франс прес.

Постепено во наредните години ќе бидат пуштени во оптек и 10, 20, 50, 100, 200 и 500 евра. Новата 10-еврова банкнота е предвидена за 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top