Убиството на српскиот државјанин Александар Марковиќ – Акија во Салцбург, кој е пронајден на 10 јули врзан во када, е расветлено, а злосторството го признале двајца Сиријци, соопшти денеска полицијата.
Во соопштението се наведува дека двајцата 19-годишни Сиријци го признале убиството, признале дека имале намера да го ограбат ризикувајќи да умре поради тортура.
На Марковиќ му биле врзани рацете и нозете, кога полицијата го пронашла откако влегла во станот.
Исчезнувањето на синот го пријавил татко му во саботата по полноќ, откако претходно со часови не му се јавувал на телефон.
Полицијата прво го лоцирала неговиот мобилен телефон, но откако не успеала, се посомневала дека доживеал несреќа.
Поради тоа, чуварите на редот решиле да одат до неговиот стан, а поради тоа што не одговарал на ѕвонењеето и на тропањето на вратата, полицијата провалила во станот.
Во бањата, во кадата без вода, го нашле мртвото момче, кое било облечено, и на кое со леплива трака му биле врзани рацете и нозете. Чуварите на редот не пронашле траги на провала, па се претпоставува дека Александар ги пуштил убијците во станот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст