| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК: Досега се пријавиле 122 граѓани од списокот на спорни гласачи

Можноста за пријавување ја искористиле вкупно 122 граѓани чиишто податоци на избирачкиот список беа спорни, информираат од Државната изборна комисија.

-Досега, можноста за пријавување ја искористиле вкупно 122 граѓани, и тоа лично во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија или во дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија, вкупно се пријавиле 5 граѓани, додека можноста за електронско пријавување ја искористиле 117 граѓани – се вели во соопштението од ДИК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top