Полициски службеници, ренџери и специјалци денеска при претрага на терен во близина на патот што води за селото Гари откриле труп на маж, информираат од МВР.
Телото најдено во месноста Кош било во поодмината фаза на распаѓање што ја отежнало идентификацијата, определување на возраста или причината за смртта.
Во меѓувреме, теренот каде што е најдено телото е обезбеден, а известен е и надлежниот јавен обвинител. Според најавите, во текот на денот се очекува да почне истрага која треба да расветли повеќе поединости поврзани со овој случај.
Од МВР не можеа да потврдат дали ова тело му припаѓа на еден од двајцата исчезнати скопјани по кои од пред две недели се врши потрага откако заталкаа на планината Бистра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст