| четврток, 6 декември 2018 |

Пуштен во употреба проширениот дел од „Партизанска“, се реализираат и други инфраструктурни проекти во Ѓорче Петров (Видео)

Вториот дел од пробиениот булевар „Партизански одреди“ денес официјално беше пуштен во употреба.

Со овој проект се продолжи пробивањето на булеварот од новиот кружен тек кај Порта Влае, па се до кружниот тек кај црквата Св. „Петар и Павле“ во Ѓорче Петров.

bulevar-3-640x360

Извршена е реконструкција и проширување на постојниот коловоз во должина од 500 метри со што се доби современ и модерен булевар со шест сообраќајни ленти, по три во двете насоки, со вкупна ширина на коловозот од 21 метар.

bulevar-gjorce-640x360 (1)

Булеварот има средишно зеленило, а од двете страни има велосипедска патека со ширина од два метри и пешачка патека со ширина од три метри.

bulevar-4-640x360

Градоначалникот Коце Трајановски истакна дека Скопје е претворено е едно големо градилиште.

-Кај и да погледнете ќе гледате кранови, значи е град кој живее, се развива, град во кој се вложува многу. Благодарение на добрата клима која е создадена за инвеститорите, на Владата и општините во Скопје и целата држава, посочи градскиот татко.

Трајановски разговараше со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој присуствуваше на настанот, и за останатите инфраструктурни проекти кои се реализираат во Ѓорче Петров.

koce-gruevski-sokol-640x360

-Оваа инвестиција е во Ѓорче Петров, проширувањето на „Борис Сарафов“ во четири ленти. Откупивме 4-5 куќи и го проширивме малку. Сега се врши и промена на асфалтот на улицата „Ѓорче Петров“ до седиштето на општината и ќе се стави комплетно нов асфалт, истакна Трајановски.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров посочи дека 100-годишнината ќе ја дочекаат со повеќе од 100 реализирани проекти.

-Реновиравме училишта, нови улици, градинки, градиме нова општинска зграда, градиме нови спортски игралишта, нови стадиони, нова канализација, водоводна мрежа…Градот Скопје и Владата сериозно ги разгледуваат сите наши барања од интерес на граѓаните и ефикасно и навремено заеднички ги решаваме. Вашите барања за нас се единствениот патоказ за тоа што треба да се реализира, истакна Сокол Митровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top