Во шпицот на сезоната во собите и апартмани долж црногорското приморје приличен број на кревети останал непополнет. Како што јавуваат хрватските медиуми, јунската дупка трае подолго од очекуваното. Од Туристичките организации во Будва е соопштено дека од Јаза до Булјарица престојуваат 60 000 туристи, што е на ниво на минатата година.
Приватните изнајмувачи на соби се лути бидејќи статистиката и реалноста значајно се разликуваат. Гужвите на плажи и шеталишта ги прават бројните викендаши, но и странците и домашните кои имаат куќи и станови долж брегот, добар дел Руси.
-Не знам зошто служат процентите, кога гости нема“, вели Драгана Нечковиќ од Будва.
-Станот ми е празен, никако да дојде првиот гостин. Се жалат изнајмувачитеи од Петровец, Булјарица, и други места, напоменувајќи дека хотелите се воглавно полни, а во нивните куќи и станови има премалку гости.
Слично говорат и уличните изнајмувачи во Будва, кои својата работа ја работат илегално.
Цените паѓаат, од 12 до 15 на осум до десет евра. Како црна точка се истакнуваат будванските таксисти кои превоз до Подгорица наплаќаат и до 300 евра, со тарифа за поминат километар која варира од еден до дури седум евра. Час чекање наплаќаат 40 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст