Повеќе од милијарда луѓе ширум светот ќе го следат отворањето на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Рио де Женеиро, но десетина дена порано вниманието на светската јавност го окупираше изгледот на униформата на репрезентацијата на Грузија – неверојатно многу потсетува на училишните гуми за бришење.
Водечките модни марки чезнеат да ја дизајнираат облеката која претставниците на државите ќе ја носат за време на свечената церемонија.
Производителот на традиционалната грузиска носија „Самосели Пирвели“ ја дизајнираше облеката за својот национален олимписки тим, но жителите на оваа земја не се воодушевени од изгледот.
Тие толку се разочарани што дури покренаа и потпишување на онлјан петиција која досега ја потпишаа шест илјади луѓе за да се измени олимписката униформа која потсетува на училишната гума за бришење со две страни: портокаловата која брише траги од молив и сина која брише траги од пенкало.
Критичарите се сложувааат дека униформата е направено по пример на традиционалната грузијка Чока носија која се носи во последните две илјади години.
Некои дури ја исмеваат униформата велејќи дека таа е дизајнирана за да штити од комарци кои го пренесуваат вирусот зика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.