| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се младите убијци што го заклаа свештеникот во Нормандија?

francija napad

Еден од двајцата напаѓачи кои во вторникот убија свештеник во црквата во Нормандија е францускиот државјанин Адел Кермиш, кој бил под електронски надзор откако два пати се обидел да отпатува во Сирија, соопшти државниот јавен обвинител.

Кермиш (19) го убила полицијата откако во текот на утринската миса во католичката црква со неговиот придружник земале неколку заложници. При тоа напаѓачите го убиле 84-годишниот свештеник Жак Хамели и тешко раниле една чесна сестра.

Обвинителството соопшти дека формалната идентификација на вториот напаѓач е се уште во тек. Во меѓувреме во јавноста се појавија детали од нападот заедно со изјави од сведоци кои во тоа време биле на местото на настанот.

 

Напаѓачите влегле во цркавата вооружени со лажни бомби, пиштоли и ножеви, а при убиството побарале од стариот свештеник да клекне, по што му го пресекле вратот и му „отслужиле миса на арапски“. Целиот грозоморен чин го снимале.

  • Го натераа да клекне, а тој даваше отпор. Тогаш се случи трагедијата. Се снимаа. Околу олтарот спроведоа некаков обред на арапски јазик. Беше хорор, вели чесната сестра Даниел.

Пред да се случи убиството една од чесните сестри избегала од црквата и ја известила полицијата која на местото дошла неколку минути подоцна и веднаш го обиколила верскиот објект.

Кога вооружените напаѓачи околу 11 часот излегле од црквата со извиците „Алах Акбар“, полицијата ги усмртила на место.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top