| четврток, 6 декември 2018 |

Почина некогашниот италијански премиер Џулио Андреоти

italijanski premier umreВо Италија денеска на 94 години почина Џулио Андреоти, кој во периодот по Втората светска војна седум пати беше премиер на земјата.

Како што пренесува Анса, членот на Христијанско-демократската партија, Андреоти доминираше на италијанската политичка сцена се до почетокот на деведесетите години од минатиот век.

Во 1991 година беше избран и за доживотен сенатор.

Кон крајот на минатата година Андреоти беше примен во болница поради сериозни проблеми со срцето од што боледуваше неколку години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top