Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека Будимпешта ги поддржува надворешно-политичките планови на републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, а не на неговата ривалка од Демократската партија, Хилари Клинтон, и тоа, пред се, поради нивните различни ставови за мигрантите.
-Надворешнополитичките планови на Клинтон се лоши за Европа и погубни за Унгарија, додека оние на Трамп се добри за Европа и животно важни за Унгарија, нагласи денеска на прес-конференција унгарскиот премиер.
Орбан објасни дека американските демократи ја поддржуваат миграцијата и изгадба на нации низ светот, додека Унгарија, како Трамп, се спротивставува и на едното и на другото.
– Јасно е каде се унгарските интереси, заклучи унгарскиот премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.