Турската Амбасада во Приштина од косовските власти побара да преземат мерки против новинарот Берат Бужала, поради неговите сатирични коментари на Фејсбук за неуспешниот обид за воен преврат во Турција.
– Ги повикувам граѓаните на Република Косово, кои се наоѓаат на одмор во Турција, да и се приклучат на армијата, напиша новинарот на Фејсбук за време на обидот за преврат на 15 јули.
Кон коментарот е додаден и емотикон со исплезен јазик, што би требало да покажува дека пораката е сатирична.
– Ова е најсериозниот удар од појавата на Фејсбук, рече Бужала, кој има над 40.000 следбеници на оваа социјална мрежа и чиј портал gazetaexpress.com го читаат милион лица дневно.
На 20 јули турската Амбасада во Приштина испратила нота до косовското Министерство за надворешни работи, во која барала против Бужала да се преземат мерки поради посочените коментари.
Во нотата се бараат правни мерки против Бужала во согласност со законот и се посочува дека косовскиот закон на граѓаните им забранува да се приклучуваат кон вооружени конфликти надвор од земјата и дека за ваквите дела е предвидена казна од шест месеци до пет години затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст