Два од трите словенечките претставници во регионалното првенство, Хелиос Санс и Унион Олимпија нема да учествуваат во наредната сезохна на Јадранската лига, објави денес АБА лигата на својата официјална страница.
Пред две недели, претседателството на АБА лигата одржа состанок на кој беше утврден распоредот на натпревари, а тој датум водено беше и последниот рок за уплатување на котизацијата за новата сезона. И покрај продолжувањето на тој рок до денес, претставници на словенечките клубови го информирале претседателството дека нема да бидат во можност да ја исполнат финансиската обврска.
Според правилникот на АБА лигата, двете празни места ќе бидат дополнети откако ќе биде разгледан коефициентот на успехот во минатата сезона, како и успесите на клубовите во домашното првенство. Со тоа, не се отфрла веројатноста наредната сезона во јадранската лига да учествува уште еден македонски клуб. Во моментов, само шампионот МЗТ Скопје е партиципиент во регионалното првенство од нашата држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.