| четврток, 6 декември 2018 |

Ова се фантомите поради кои СДСМ бегаше од избори и го оспоруваше Избирачкиот список

На виделина излегоа сите манипулации на опозицијата поврзани со, наводно, непрочистениот Избирачки список. Ова се фантомите поради кои СДСМ бегаше од избори и го оспоруваше Избирачкиот список.

najce-nova-n-640x193

Државната изборна комисија соопшти дека на својата веб-страницаwww.sec.mk го објави списокот на 39.502 граѓани, чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список.

Списокот на сомнителни гласачи, кој денеска го објави ДИК ги исфрли на површина сите манипулации на опозициската партија. На него може да се забележат низа опозициски фунционери и таканаречени експерти, кои во јавноста отворено ја бранат политиката на СДСМ.

erolnova

Мирјана Најчевска, Ерол Ризаов и неговиот син Горан, Павле Трајанов се само дел од имињата што можат да се забележат за списокот објавен од ДИК, а кои, според опозицијата, се фантоми.

Иста приказна и со Гордан Георгиев. Поранешниот потпретседател на СДСМ, навистина, се повлече од политичката сцена заедно со Бранко Црвенковски, а според ДИК и СДСМ од тогаш, тој, најверојатно, се претворил во фантом. Меѓу фантомите е и неговата мајка Јагода Михајловска- Георгиева.

gordannova1

По 38 години, и Радмила Шеќеринска дозна дека има фантомска сестра. Според списокот, Лилјана Шеќеринска – Ѓорѓевиќ доаѓа од редот на фантомските гласачи.

liljananova2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top