Од прегледаните околу 90.000 граѓани од јануари до јуни, кај 21.600 мажи и 11.200 жени е констатиран среден ризик од кардиоваскуларни заболувања. Висок ризик, со можна фатална епизода во следните десет години, докторите утврдиле кај 172 мажи и кај една жена.
– На лицата со висок ризик им е даден совет или терапија, а се упатени и на кардиолог за натамошно следење. Со придржување до советите, со поздрава исхрана и поголема физичка активност, ќе се избегне фаталниот исход од мозочен удар, срцев удар и смрт причинета од нив- изјави Сашо Стефаноски, директор на Фондот за здравствено осигурување.
Матичните лекари во првата половина од годинава превентивно прегледале 93.907 граѓани, со цел навреме да се откријат трите најчести незаразни заболувања – кардиоваскуларните и бубрежните заболувања како и дијабетесот, информираа директорите на Фондот за здравствено осигурување, Стефаноски и Орхан Рамадани, на денешната прес-конференција.
Оваа и следната година планирано е на превентивни прегледи да бидат повикани 664.000 осигуреници на возраст од 35 години до 56 години.
Ризикот од бубрежни заболувања кај Македонците не е голем. Умерен ризик е утврден кај 368 граѓани, а само едно лице имало висок ризик да заболи од нефролошко заболување.
Повисоки бројки покажале прегледите за дијабетес – од околу 89.000 испитаници, кај 75.540 лица е утврден низок ризик од таканаречената шеќерна болест, кај 12.294 лица е откриен лесно покачен или умерен ризик, а кај 242 лица е откриен висок ризик од дијабетес. Интересен показател е дека 6.708 од овие лица, според индексот на телесна маса, спаѓаат во категоријата дебели.
– Карактеристичен заеднички именител кај трите најчести незаразни заболувања е тоа што со намалување внес на соли, шеќери и мрсна храна, се намалува и ризикот од овие заболувања.Препорака на лекарите е да се намали исхраната со сол и шеќер кој го користиме во кафето или во чајот, да се намалат чипсот, саламите, алкохолот, маснотијата во секоја форма на храната што ја внесуваме – рече Стефаноски.
Рамадани информира дека Фондот испечатил 350.000 летоци, кои матичните лекари ќе ги делат на пациенти со дијабетес, срцеви заболувања и бубрежна слабост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст