На „иБеј“ пред неколку дена осамна необичен оглас во кој познатиот словенечки претприемач Петер Бутолн, поранешен новинар и портпарол во кабинетот на владата на Јанез Дрновшек и Антон Роп продава мотор марка „веспа“ кој е познат по тоа што во 1987 година по Љубљана и Словенија го возела Меланија Кнавс, денес позната како Меланија Трамп, пишува„Јутарњи.хр“.
-Продавам италијански мотор, Веспа Пјаџо ПХ 200 Е, од 1984 година, металик сина боја. Прв сопственик сум, моторот е ускладиран, совршено зачуван, неоштетен, со оригиналната боја. Сите делови се оригинални, како и кожените седиште. Веспата е позната по тоа што во 1987 година по Љубљана и Словенија ја возеше славната словенечка манекенка Меланија Кнавс, а денес Меланија Трамп, сопругата на републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп, пишува во огласот.
Приходот од продажбата, стои понатаму во огласот, ќе оди во Словенија, во хуманитарни цели за сиромашни деца без родители, а почетната цена за аукцијата е 9.900 долари.
– Ние бевме во врска три месеци. Заврши училиштето и летото беше пред нас. Во тоа време цела екипа се собираше на Тромостовљ во Љубљана. И Меланија дојде со своето друштво. Јас одев во гимназија, а таа беше во средно училиште за дизајн. Јас имав 18 и пол години, а таа 17. Љубљана е мала, сите се знаевме, и секако дека веднаш ќе го забележиш новото лице во друштвото. Беше убава, вита, јас малку се напив и го направив првиот чекор. Тогаш тргна. Одев во станот. Беше тоа мал стан, еднособен. Таа таму живееше со сестрата Инес, која беше четири години постара. Прво живееле со таткото во изнајмен стан, а потоа татко им им купил стан. Таа два пати беше во мојот стан. Ни беше убаво, онака младешки. Таа не сакаше долги излегувања, не пиеше алкохол како другите девојки. Сакаше да биде одморена на снимањата. Нашето дружење го прекина војската. Оттогаш не сме се слушнале – раскажал Бутолн.
По излегувањето од војската Петер се обидел да ја пронајде Меланија, но до неа не успеал да дојде. Бутолн е исто така сигурен дека Меланија можела да направи многу поголема манекенска кариера, посебно откакао го посетила хрватскиот хирург Синиша Глумичиќ.
– Тогаш таа почна да изгледа како вистинска жена. Како модел можеше многу повеќе да направи, но го одбра златниот кафез. Нејзе ништо не ѝ недостасува, но слобода нема. Онаа нејзина насмевка, па и ова плагирање на говорот, само е доказ дека повеќе за ништо не одлучува. Но, така одбрала – истакнува Бутолн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст