Во трката за претседател на Србија би можел да се најде и еден кандидат, кој може да им ги заплетка сметките на актуелните претенденти за оваа функција, наведува српски „Курир“.
Имено, станува збор за познатиот српски актер Милан Гутовиќ – Лане, кој се прослави со улогата на култниот лик на Среќко Шојиќ во серијата филмови „Тесна кожа“ и во серијата „Бела лаѓа“.
Според „Курир“, идејата на Гутовиќ за ваквата авантура во политиката ја поттикнал успехот на сатиричната листа „Не ја проба сармата“, чијшто носител беше измислениот лик Љубиша Прелетачевиќ – Бели, на локалните избори во Младеновац.
Доколку ваквите тврдења се покажат како точни Гутовиќ, кој веќе има „искуство во политиката“ со улогата на лидер на Партијата за здрав разум, овој пат би можел да се најде и во реалната политика заедно со другите претенденти за претседателската функција, наведува белградскиот весник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст