Објектот за Мајка Тереза на скопскиот плоштад, кој ќе го донира индискиот милијардер, бизнисменот Субрата Рој, веројатно ќе биде фонтана во стилот на Фонтана ди Треви во Рим, пренесе „Алфа“.
Според неофицијални информации, телевизијата јави дека на него ќе има и поголем број скулптури изработени од висококвалитетен мермер, кои, всушност, ќе претставуваат секвенци од животот на хуманитарката, најмногу од нејзината мисија во Индија.
„Алфа“ шпекулира дека и оваа обележје, чијашто локација ја утврди Владата, најверојатно ќе ѝ биде доверено на скулпторката Валентина Стевановска, која е автор на спомениците на фонтаната Воин на коњ, споменикот на Филип, како и на Порта Македонија.
Според маркичката, објектот може да биде висок до 32 метри, но најверојатно нема да се оди до максимално дозволената висина. Желбата да донира објект за Мајка Тереза, индискиот милијардер ја најави при минатогодишната посета на Македонија, а минатата недела премиерот Никола Груевски ја задолжи министерката за култура Елизабета Канеческа – Милевска, да потпише договор со Рој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.