Мирно на Токсикологија по големиот велигденски пост. Научени дека минатите години многумина завршувале на клиника поради прејаденост, годинава медицинските лица од клиника се изненадени од мирните денови. Во текот на вчерашниот и денешниот ден немало ниту прејадени граѓани со мрсна храна ниту некој претерал со јадењето велигденски јајца па да има потреба од лекарска помош, пишува Здравство24.
Во текот на ноќта како што информира директорот на клиниката д-р Андон Чибишев имало тројца пациенти кои претерале со алкохолот. Сите биле млади.
-И оваа бројка од три алкохолни труења не е голема за празничен ден. По толку пациенти имаме и за време на обичен викенд, вели д-р Чибишев.
На клиниката која функционира и како интернистички ургентен центар немало ниту зголемена фреквенција на пациенти со хронични и останати заболувања. За разлика од први мај кога на клинички вриеше од повредени во сообраќајни несреќи, Велигден засега поминува мирно коментираат дежурни лекари од скопските клиники.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.