Европската полициска агенција (Европол) смета дека во Европа има неколку стотици потенцијални терористи, пишува денеска германскиот весник „Ноје оснабрукер цајтунг“.
Станува збор за исламисти од ЕУ, кои војувале во Сирија и Ирак на страната на Исламска држава и сега се вратиле во Европа.
Европол оценува дека постојат околу пет илјади т.н. „странски борци“. Речиси една третина од нив, околу 1.500-1.800, се вратиле во земјите од Унијата.
– Голем број од нив немаат ниту намера, ниту можност да извршат терористички напади. Сепак има стотици потенцијални терористи кои претставуваат закана за безбедноста во Европа, наведува Европол, додавајќи дека ќе им помогне на националните безбедносни органи да ги набљудуваат сомнителните лица.
– Засега нема конкретни податоци дека ИД системски ги користи миграциските бранови за да внесува свои борци во Европа, истакнал претставник на Европол за германскиот весник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст