| четврток, 6 декември 2018 |

Им го украл коњот, тие го киднапирале

mace i konjТројца тетовчани од селата Ново Село и Урвич, вчера претпладне пријавиле во Полициската станица Жеровјане кражба на коњ. Но откако по неколку часа не им бил вратен коњот, решие само да си дојдат до своето.  Откако го фатиле човекот во кој се сомневале дека го украл животното го киднапирале.
Во село Боговиње тие го пронашле 32-годишниот Ф.Р. од тетовското село Мала Речица и насила го внеле во својот автомобил марка „југо“. Бидејќи верувале дека тој е крадецот, Ф.Р. го одвезле во правец на селото Урвич каде живеел еден од напаѓачите.
Со тројцата тетовчани е обавен разговор во полициската станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top