| четврток, 6 декември 2018 |

Маж кој често се вртка околу Кејт – Дали принцот има простор за грижа?

kejt

Принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ со својата посета го увеличија тардиционалното британско натпреварување во едрење „Сер Бен Ејнзли Америка Кап“ во Хемпшир. Но откако се слегнаа впечатоците и се прегледаа сите фотографии, медиумското внимание го привлече еден маж. Дали принцот Вилијам треба да се загрижи?

kejt2

Како вистински домаќин, сер Бен Ејнзли, британски златен олимпиец во едрење го дочека кралскиот пар, а медиумите ги разбранува неговото внимание кон војвотката, која ја познава уште од 2012 година, кога на војвотката гордо и ја покажуваше својата олимписка медаља.

Следеше и нивна официјална средба во 2014 година, по повод истата манофестација која Кејт и Вилијам ја посетија оваа година. И Кејт повторно е великодушно дочекана.

kejt3

Во мај оваа година војвотката, голем љубител на спорт и едрење, имала чест златниот олимпиец да ја поведе на брзо возење со јахта. Забележан е моментот кога и ја става заштитната кацига, а забележана е и неговото одушевување од познавањето на војвотката на оваа дисциплина.Кејт очигледно пронашла пријател со кој дели страст за едрење. Се сретнуваа на разни манифестации, а блиската комуникација полна со разбирање   никогаш не изостанала.

kejt4

 

А дали за сето тоа Британците треба да се грижат, најточно ќе каже принцот Вилијам, кој сето време бил на натпреварувањето  и срдечно му ја честиташе победата на сер Ејнзел.

kejt5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top