По 19 години од смртта на принцезата Дајана, нејзиниот помал син, принцот Хари, конечно, проговори за најтешките моменти од својот живот.
Хари во изјава за „Би-Би-Си“ изјави дека депресијата може да го погоди секој, вклучувајќи и членови на кралското семејство.
– Многумина мислат дека ако имаш работа, финансиска сигурност, семејство, куќа и слично, дека тоа е сè што ти треба и дека си способен да се носиш со сите овие работи – рекол 31-годишниот принц, кој признава дека жали што по смртта на мајка му не зборувал повеќе за тоа.
Во ред е човек да страда сè додека може да зборува за тоа.
– Тоа не е слабост. Слабост е да имаш проблем, а да не го гледаш тоа и да не се обидуваш да го решиш – рекол принцот.
Принцезата од Велс почина кога нејзиниот помлад син Хари имаше само 12 години, додека неговиот брат Вилијам имаше 15 години.
Принцезата Диана загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година, а веднаш по нејзината смрт се појавија разни теории на заговор за кобната несреќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст