| четврток, 6 декември 2018 |

Хан: За последиците за Турција ќе се одлучува наесен

ханЕврокомесарот за проширување Јоханес Хан изјави дека и покрај актуелната тешка ситуација во Турција, не треба да се донесуваат избрзани решенија, додавајќи дека, по извештајот за напредок, наесен, треба да се донесат одлуки за последиците.

Тој во интервју за виенскиот весник „Стандард“ нагласи дека воведувањето смртна казна ќе претставува „нокаут критериум“ за пристапните преговори со Турција.

Хан истакна дека не смее да се игнорира разградувањето на владеењето на правото, додавајќи дека моментно постојат повеќе најави.

Според него добро e што ОБСЕ планира да го набљудува судењето против осомничените за обидот за воен преврат, истакнувајќи дека тоа би било добар сигнал доколку се согласи Турција.

Хан смета дека не е препорачливо да се прекине финансиската помош за договорот за eмигрантите меѓу ЕУ и Турција.

Тој нагласи дека избрзаните европски одлуки против авторитарниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган, би можеле лошо да влијаат на мигрантите и турските невладини организации.

Тој изјави дека Турција не е само Ердоган, туку неа ја сочинуваат 80 милиони луѓе, од кои многумина имаат надеж во ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top