| четврток, 6 декември 2018 |

Ако летувате во Дубровник мора ова да го знаете

Сите лица кои во историското градско јадро ќе се движат во „костими за капење, без облека или без дел од облеката“, ќе бидат казнети со илјада куни, или 8.250 денари, одлучија градските советници на хрватскиот и медитерански туристички бисер Дубровник.

Image

Со измените на Одлуките за комуналниот ред, на комуналните редари им е овозможено казнување на туристите кои се непримерно облечени на јавните површини и во историското јадро на Дубровник, пренесе во понеделникот агенцијата Хина.

Претставници на градските власти истакнале дека на влезовите во историското старо градско јадро ќе бидат поставени известувања, како и дека движењето по овој дел од Дубровник „во костим за капење, без горен или долен дел од облеката“ ќе биде казнето со илјада куни, односно 500 куни на самото место.

Заменикот на градоначалникот на Дубровник, Жељко Рагуж, изјавил дека оваа мерка е донесена по многуте реакции и на жителите и во медиумите, кои сметаат дека е непримерно туристите во историскиот дел од градот да се шетаат несоодветно облечени.

-Ако во црквите и музеите не може да се влегува несоодветно облечен, а историското јадро е своевиден музеј, тогаш сметаме дека не е соодветно ниту туристите да шетаат така облечени по Страдун, додал Рагуж.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top