| четврток, 6 декември 2018 |

Црнила наместо свадба – детали за трагедијата која го потресе Балканот по силното невреме

Според јавниот сервис во Србија, РТС во невремето кое ги зафатило Александровац и околината од удар на гром смрто страдала петнаесет годишна девојка, а уште една нејзина врсничка со тешки повреди во кома била пренесена во болница во Крушевац.

Една од тинејџерките (Анѓела Б.) починала на лице место, а втората (ИванаИ.) во болница, откако докторите повеќе од 90 минути се обидувале да ја реанимираат, ама не успеале.

-Како што дознаваме, Анѓела Б. живеела на Индустриската улица во Александровац. Ивана И. била четврто дете во семејството до село Руденице, каде сите се подготвувале за свадбата на нејзината најстара сестра, пишува Блиц.

Се истражува дали тинејџерките користеле мобилни телефони во моментот на ударот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top