Воените лица, обвинети за учество во неуспешниот обид за преврат во Турција, ќе бидат судени во новиот суд во анкарскиот кварт Синџан, што до 1997 година бил арена на моќта на турската војска, пред изведувањето на „постмодерниот преврат“.
Турскиот министер за правда, Бекир Боздаг, изјави дека новиот суд ќе биде изграден во Синџан, местото каде на 4 февруари 1997 година турската армија извади десетици тенкови и оклопни возила за време на протестите на исламистите, на кои присуствувал и тогашниот ирански амбасадор во Анкара.
Неколку месеци подоцна премиерот исламист Неџметин Ербакан беше отстранет од власта под притисок на војската.
Претходно Боздак изјави дека во Турција во моментов нема доволно судови, во кои можат да бидат судени толку голем број осомничени лица.
Новиот суд, што ќе биде најголем во Турција, ќе има капацитет за 900 лица, како и сопствен затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


