| четврток, 6 декември 2018 |

Камионџија се обидел да прошверцува 34 килограми марихуана преку ГП “Дојран”

Цариниците во недела при контрола на товарно возило на граничниот премин Дојран открија и запленија 34 килограми марихуана.

При контрола на товарот во полуприколката од страна на царинските службеници пронајдени се две црни патни торби со вкупно 35 пакетчиња (20 пакетчиња во едната и 15 во другата торба) наполнети со непозната материја од растително потекло со зеленкаста боја и карактеристична миризба, завиткани со стреч фолија. Пакетчињата со непознатата материја и лицето се предадени на царинските инспектори од Одделението за истраги заради водење на понатамошна постапка.

Од спроведената предистражна постапка утврдено е дека непознатата растителна материја спакувана во 35 пакетчиња преставува опојна дрога – марихуана со вкупна нето тежина од 34 килограми.

Одделението за истраги презема понатамошни мерки и активности за откривање на сите лица инволвирани во кривично правниот настан. По комплетирање на сите докази ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top