| четврток, 6 декември 2018 |

Дојде крвав во домот на Сандра Африка, а криел голема тајна

Се почести се примерите на семејно насилство како кај нас, така и во регионот и во светот. За жал, се почесто семејно насилство трпат не само и жените, туку и мажите.

Еден од примерите за кои се потресе цел регион е оној со старецот Драгољуб Ристиќ кој на 80 години беше фотографиран целиот крвав во главата. Нападот се случил пред две недели, а дедото тврдеше дека го претепал синот.

sandra-afrika-dekica-batine-foto-printskrin-1469124939-954107-67448

Екипата на српскиот Курир разговарала со семејството на „кутриот” дедо и дознаа дека тој всuшност со години ја тепа и малтретира својата сопруга. Освен неа, тој го малтретира и својот син Драган, за кого тврдеше дека го претепал.

– Прво ме нападна мене, јас сум неподвижна, едвај одам со бастун. Ме шутираше каде што стигна, по стомак, на грб…викав за помош, а мојот син ме слушна. Дотрча и го удри татка си по главата за да ме одбрани, вели несреќната сопруга на Драгољуб, Лилјана.

Таа вели дека со години ги тепа и измачува, пријавувале во полиција, во Центарот за социјална работа, но никој не им помогнал.

Инаку, дедото влета минатиот вторник во дворот на едно младо момче и извика Ме претепа синот, потоа беше хоспитализиран и стана дел од сите медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top