Европските влади ќе мора да усвојат непопуларни мерки за да успеат да ја контролираат ситуацијата. Доколку тоа не се случи, се плашам дека во Европа ќе завладее хаос и дека секој ден ќе читаме за масовни убиства”, рекол експертот од академијата на науки во Русија.
Одвај да мина првата половина од 2016. година, а веќе се знае дека таа ќе остане запаметена по суровите масовни убиства ширум светот. Крвниците убивале низ Париз, Брисел, Истанбул, Ница, Вирцбург и Минхен, покажувајќи му на целиот свет дека повеќе никој не е безбеден, велат светските експерти за безбедност.
Тие додаваат дека подеднаква закана претставуваат следбениците на ИСИС, другите екстремистички идеологии, па и нацистите наречени “осамени волци” без директна врска со радикалните групи, кои по правило имаат историја на ментални болести, пренесува Телеграф.рс
На површината на Европа од март оваа година убиени биле 168 луѓе, а од јануари минатата година, 495.

За само осум дена, од 14. до 22. јули, во Западна Европа биле извршени дури три крвави напади во кои биле убиени 93 луѓе – во Ница на шеталиштето за време на прославата на Падот на Бастиља, во Вирцбург на воз и на улиците во Минхен, пренесува Информер.

Од Руската академија на науки, експертот Александер Камкин предупредува дека овие инциденти претставуваат закана многу поопасна од тоа што се мисли.
-Европските влади ќе мора да усвојат непопуларни мерки за да успеат да ја контролираат ситуацијата. Доколку тоа не се случи, се плашам дека во Европа ќе завладее хаос и дека секој ден ќе читаме за масовни масакри”, заклучил тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


