| четврток, 6 декември 2018 |

Четиригодишно дете е првиот регистриран случај со нилска треска во земјава

Со симптоми на западнонилска треска четиригодишно дете од Струмица минатата недела било хоспитализирано на клиниката за Детски болести. Неколку дена детето имало покачена температура, малаксаност и неправилно движење. Анализите потврдиле дека станува збор за заразното заболување, кое се пренесува преку комарци. Детето не патувало надвор од Македонија, а со вирусот, најверојатно, било заразено во неговиот крај.

За среќа, вирусот кај детето не оставил посериозни компликации, но сè уште е хоспитализирано на клиниката.

Ова е прв случај на западнонилска треска годинава во Македонија. Претходно во земјава беа регитсрирани и неколку смртни случаи од ова заразно заболување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top