Колони филмови од денеска третпат тргнуваат во инвазија на повеќе дестинации во земјава. Фестивалските тркала тргнуваат од Прилеп и од Неготино, каде од 25 до 28 јули ќе бидат прикажани четири филмови од богатата европска кинематографија. Во киното „Мис Стон“ во Прилеп при Центарот за култура „Марко Цепенков“ вечерва на програмата се анимираниот филм „Мумините и потрагата по кометата“ во терминот од 18 часот и долгометражниот „Синиот бран“ во терминот од 20 часот. Утртевечер во истите термини ќе бидат прикажани следниве филмови по истиот редослед: – анимираниот „Курт станува зол“ и францускиот долгометражен игран филм „Место на земјата“. Колоните филмови од Прилеп продолжуваат да се тркалаат кон Неготино. Таму, почнувајќи од вечерва во 20.30 часот, на бината во центарот на градот ќе се прикажуваат филмови. На програмата се еден анимиран и три играни филмови.
Поради фактот што туристичката сезона е во ек, километарски колони се формираат во повеќето патни правци, како и на патарините во земјава. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Неготионо-Могила, Могила-Крушево и Крушево-Штип. Поради овој мал застој, колоната филмови ќе скршне јужно кон Могила подоцна во август од каде ќе се искачи во Крушево. На крај, ќе се паркира во Штип од каде ќе го чека следното одредиште.
Влезот за сите проекции е слободен.
Фестивалот го организира продукциската и дистрибутерска компанија „Катавеј“ од Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст