| четврток, 6 декември 2018 |

Велешанец падна во канал со велосипед

Вчера во 17.30 часот во Велес на ул.„Димко Најдов“ се случила сообраќајна незгода во која Д.Ј. (56) од Велес, управувајќи велосипед загубил контрола и паднал во канал за атмосферски води.

Д. Ј. е пренесен во Општа болница Велес каде што му се констатирани телесни повреди и е задржан на натамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Велес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top