Во текот на вчерашниот ден за исчезнати биле пријавени три млади лица.
Во првиот случај во ПО Велушина-СВР Битола, пријавено е дека на 22 јули околу 09.00 часот од дома во непознат правец се оддалечила Р.А. (27) од с.Велушина.
Во 11.30 часот во ПС Чаир, пак, Т.С. (52) од Скопје пријавил дека на 23 јули околу 19.00 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот син Ј.С. (19).
Истиот ден во ПС Тетово, И.Б. (41) од с.Стримница, тетовско, пријавил дека на 23 јули околу 22.00 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот син В.Б. (21).
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.