
Помина едвај половина од 2016 година, и којзнае што нè чека до крајот на годинава, но од тоа што досега се случуваше, 2016 година ќе остане запаметена по масовните убиства. Масакрите во Парис, Брисел, Истанбул, Ница, Вирцбург и Минхен покажуваат дека веќе никој не е безбеден, тврдат стручњаците за безбедност.
Тие сметаат дека еднаква опасност претставуваат приврзаниците на Исламска држава, приврзаници на други екстемистички идеологии, но и како што ги нарекуваат „осамени волци“ што немаат врски со радикални групации и кои, по правило, имаат ментални заболувања.
-Европските влади ќе морат да преземат непопуларни мерки, со цел да ја контролираат ситуацијата. Ако тоа не се случи, се плашам дека во Европа ќе завладее хаос и дека секој ден ќе гледаме масовни убиства – се согласуваат стручњаците.
На европска територија, до март годинава се убиени 168 лица, а од јанури 495.
За само 8 дена од 14 до 22 јули, во Западна Европа се извршени дури 3 крвави напади во кои животот го загубија 93 луѓе.
-Сега е и повеќе од јасно дека насилството ќе завладее насекаде. И во метрополите како и во провинцијата, во возови, продавници, на улица, во клубови…Непочитувањето на човековиот живот е толку големо, што во догледно време и не може да се поправи- вели германскиот експерт, Јирген Клауфбаунд за „Штутгартер цајтунг“.
Од руската академија, Александар Камкин предупредува дека овие инциденти преставуваат многу поголема закана отколку што се мисли.
-Европските влади мораат да усвојат непопуларни мерки, во спротивно секојдневно ќе гледаме масовни убиства во Европа – вели Камкин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


