| четврток, 6 декември 2018 |

Се омажи и изгуби половина милион долари

sijara

Дека бракот може да поремети некои други аспекти во животот, на своја кожа почувствува преубавата пејачка Сијара. После само неколку дена откако го кажа судбоносното „да“ на својот долгогодишен партнер, рагбистот Расел Вилсон, веќе се појавија првите проблеми во бракот, поради кои Сијара остана без половина милион долари.

sijara2

Имено престижна козметичка куќа сакала да ја ангажира славната пејачка и да и даде половина милион долари за промоција, меѓутоа кога виделе како нејзиниот маж се однесува на социјиланите мрежи, се откажале од таа намера. Тој ги навредувал другите луѓе и бил прост, наведуваат странските медиуми и додаваат дека козметичката куќа не сака за свое заштитно лице жена на таков маж.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top