Станицата на лондонската подземна железница „Голдерс грин“ денеска беше затворена од безбедносни причини. Полицијата ја блокира поради сигнал на опасност, соопшти „Ројтерс“.
Повод за тревогата бил забаележан автомобил напуштен во реонот на станицата.
Портпаролот на полицијата истакна дека сè уште не се знае чие е возилото, но се обидуваат да го пронајдат сопственикот.
Според него, евакуацијата е поради превентивни мерки и полицајците проверуваат сè што е сомнително.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.