| четврток, 6 декември 2018 |

Белград: Намален приливот на мигранти од Македонија и од Бугарија

migra

-Моментно во Србија има нешто повеќе од 3.000 мигранти, кои во земјата пристигнале преку Македонија и Бугарија, но нивниот дневен прилив се намалува – изјави денеска српскиот министер за социјална политика, Александар Вулин. ­

-Бројот се намалува не затоа што бегалската криза се ближи кон својот крај, туку затоа што ние воведовме мерки.Членови на српската војска и полиција патролираат по границата и ја чуваат српската територија од нелегални имигранти- изјави министерот.

Како што јави „Танјуг“, Вулин напомна и дека секој што ќе влезе во Србија, има право да побара азил, по што ќе биде примен во прифатен центар и за него ќе отпочне предвидената процедура.

-А, тие што нема да побараат азил, ќе бидат вратени назад – нагласи министерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top