На плажа во градот Сабрати кој се наоѓа западно од престолнината на Либија, Триполи, волонтери пронашле 41 тело за кои се верува дека се мигранти.
Локални официјални лица соопштиле дека телата кои се пронајдени вчера се префрлени во мртвачница каде што ќе бидат објавени ДНК анализи пред погребот.
Последните информации укажваат на тоа дека мигрантите се угушиле пред пет или шест дена. Властите предупредуваат дека дневно наоѓаат по едно или две тела, но 41 тело е навистина голема бројка.
УНХЦР предупреди дека повеќе од 10 илјади мигранти кои тргнале кон Европа или загинале или исчезнале во водите на Медитеранот од 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти