Семејството и пријателите на чешкиот планинар и истражувач Јиржи Вања веќе два месеци трагаат по него, откако се изгубил на планината Пирин, во југозападна Бугарија.
Триесет и седумгодишниот Вања е искусен планинар, кој со својот татко, брат и пријатели патувал низ Блискиот и Далечниот Исток, а се има искачено и на Хималаите.
– Ние основавме група на Фејсбук со најактуелните информации за неговата потрага, изјави сестрата на Вања, Марцела Просова Вањова, додавајќи дека таа и нејзините пријатели го пребарувале теренот каде последно се движел нејзиниот брат.
Според чешките медиуми, во наредните денови во акцијата ќе се вклучат и бугарските спасувачи и специјален хеликоптер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.